Бискупот Стојанов сослужуваше на хиротонијата на бискупот Миро Релота

Бискупот Стојанов сослужуваше на хиротонијата на бискупот Миро Релота

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, во сабота 14 феврури 2026 година, сослужуваше на бискупската хиротонија на воениот бискуп монисњор Миро Релота, во сараевската катедрала „Пресвето Срце Исусово“. Епископот беше придружуван од протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, Ректор на светилиштето Мајка Божја Утешителка – Паљурци.

Светата Литургија со хиротонија ја предводеше Врхбосанскиот надбискуп и митрополит монсињор Том0 Вукшиќ, додека сопосветители беа надбискупот Врхбосански во мирување кардинал Винко Пуљиќ и Загрепскиот надбискуп и митрополит монсињор Дражен Кутлеша.

Со нив уште сослужуваа Апостолскиот нунциј во Босна и Херцеговина, Франциско Асизи Чуликат, бискупите: Мостарско-Дувански монсињор Петар Палиќ, Бањалучкиот бискуп монсињор Жељко Мајиќ, Бањалучкиот бискуп во мирување монсињор Фрањо Комарица, Бањалучкиот помошен бискуп во мирување монсињор Марко Семрен и околу 30 други надбискупи и бискупи. Сослужуваа околу 100 свештеници, меѓу кои беа и провинцијалците од двете фрањевски провинции во Босна и Херцеговина, фра Здравко Дадиќ и фра Јозо Грбеш, и Генералниот провинцијал на Редот на малите фратри за словенските земји, фра Конрад Чолев, како и претставници на Министерството за одбрана и Вооружените сили на Босна и Херцеговина.

Монсињор Миро Релота OFM e роден на 1 јули 1965 година во Густи Граб, Бусовача. Во 1990 година ги дава своите монашки завети во Редот на малите фратари. За свештеникот е ракоположен на 19 март 1991 година, Во фрањевската провинција„Свети Архангел Михаил“, извршуваше разни служби поврзани со формацијата на фратарите, а како душогрижник служеше, меѓу другото, и на емигрантите во САД. Во 2015 година, се враќа во својата фрањевска провинција Босна Сребрена, каде што делува како парохиски свештеник и духовник во фрањевското училиште во Сараево. Во 2021 година, тој беше именуван за Генерален провинцијал на фрњевската провинција во Херцеговина.

Папата Лав XIV на 25 ноември 2025 година го именува за воен ординариј на Босна и Херцеговина.

к.мк

Категорија: Uncategorized

За авторот