Бискупот Стојанов служеше света Литургија во Куманово

Бискупот Стојанов служеше света Литургија во Куманово

На 27 декември 2020 година, празникот на светото семејство, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов во сослужение на о. Марјан Ристов и о. Томаж Бак, служеше света Литургија во Куманово. На министрантите од Куманово им се придружи и еден богослов од богословијата „Redemtoris Mater“ од Пула -Хрватска. На светата Литургија присуствуваа семејства од мисијата Аd gentes, кои се плод на Неокатехуменскиот пат.

Во својата проповед бискупот Стојанов изрази задоволство што се наоѓа помеѓу овие семејствата и истакна дека тие денес се пример не само за Куманово, туку и за цела Македонија. Семејства кои оставиле се, ги напуштиле своите домови и земји и се овде како еден знак.

Семејствата од мисијата Аd gentes, која е плод на Неокатехуменскиот пат, веќе 10 години се пристуни во Кумнаово, а доаѓаат од повеќе земји: Хрватска, Босна и Херцеговина, Костарика, Хондурас и Полска.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот