Бискупот Стојанов служеше света Литургија по повод Светскиот ден на баби и дедовци и стари лица

Бискупот Стојанов служеше света Литургија по повод Светскиот ден на баби и дедовци и стари лица

Бискупот Стојанов за време на светата Литургија на патер Марјан Бешлиќ му го честита 50 годишниот монашки јубилеј, посакувајќи му Божји благсолов во новата служба

Во недела 23 јули 2023 година, кога Црквата го слави 3. Светски ден на баби, дедовци и стари лица, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов служеше света Литургија во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, во сослужение отец професор д-р Томас Шварц – генерален директор на Реновабис,  патер Марјан Бешлиќ – катедрален викар, отец Зоран И. Стојанов -декан, директор на Македонски Каритас и ректор на светилиштето во Паљурци и отец Марјан Ристов – канцелар.

За време на проповедта бискупот Стојанов се осврна на Светскиот ден на баби и дедовци и стари лица, потенцирајќи ја нивната важност во Црквата и општеството, како и взаменото споделување на даровите меѓу постарите и младите.

Во оваа прилика бискупот Стојанов се заблагодари на патер Марјан Бешлиќ за неговото неуморно и пожртвувано служење на Црквата, посебно за неговото служење во Македонија, воедно честитајќи му го 50 годишниот монашки јубилеј и му посака Божји благослов во неговата нова служба во Дубровник.

На крајот следуваше благодарност од претставници на парохијата за служењето на патер Марјан Бешлиќ, по што и тој ја искажа својата љубов кон Македонија и благодарност за заедничко поминато време во катедралната парохија во Скопје.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот