Во сабота 25 мај 2024 година за време на престојот во бискупијата Фулда, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор Киро Стојанов се сретна со помошниот бискуп на Фулда Карл Хајнц Диец.
Во пријатна и срдечна атмосфера епископот Стојанов, пренесувајќи го своите поздрави до бискупот на Фулда Михаел Гербер, го запозна помошниот бискупот Карл Хајнц Диец со животот и Црквата во Македонија.
Бискупот Стојанов искажа благодарност на бискупијата и на него лично за поддршката која своевремено како помошен ректор на богословијата го даваше на голем број богослови од Македонија, кои сега веќе активно делуваат како свештеници во Македонија.
На средбата беше истакната подготвеноста на понатамошна соработка и унапредување на односите меѓу месните Цркви.
Во таа прилика епископот Стојанов на помошниот бискуп на Фулда Диец му ја подари монографијата „Црквата во пресрет“ издадена по повод посетата на кардинал Паролин на Македонија.
Ватикан њуз/к.мк