Бискупот Стојанов се сретна со надбискупот Турншек
На 9 и 10 февруари 2015 година надбискупот во мирување монс. д-р Марјан Турншек од Словенија ја посети монашката заедница на сестрите Усмиленки, од словенската провинција во Скопје и одржа дводневни духовни вежби на тема: Евангелискиот совет послушност“, а во рамките на Година на посветениот живот.
На сестрите во Скопје им се придружија и сестрите Усмиленки од Битола. Пред доаѓањето во Македонија монс. Турншек одржа духовни вежби за сестрите Усмиленки во Албанија и Косово.
За време на неговиот престој во Скопје монс. Турншек во придружба на скопскиот парох дон Давор Топиќ и парохискиот викар дон Јошт Мезег го разгледа градот, како и катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје, при што беше запознат и со историјата на парохиската заедница.
Во втроник 10 февруари монс. Турншек беше примен од Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов, кој во срдечниот разговор и пријателска средба го запозна со животот на Црквата во Македонија.
Монс. Турншек истакна дека е радосен заради средбата со бискупот Стојанов, како и со сестрите