На 26 декември 2017 година Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Макеоднија, монс. д-р Киро Стојанов ги прими децата, дел од вработените и некои родители од Центарот „Мајка Тереза“ – Гевгелија, кои во оваа прилика на бискупот му го честитат Божиќ и Новогодишните празници.
Бискупот со својата татковска прегратка срдечно ги пречека посакувајќи им добредојде. На заедничката маса беа споделувани многу радости и забелешки од страна на вработените и родителите. Пред бискупот родителите на деца корисници на центарот ја искажаа важноста и големината на Центарот „Мајка Тереза“. Воедно му се заблагодарија на бискупот за подршката и помошта.
Бискупот со своите топли зборови ги охрабри присутните, а посебно ја нагласи љубовта кон овие деца. На крајот, бискупот Стојанов на сите присутни им подари мала икона од Светото Семејство и им посака на сите Малиот Исус да се роди во нив.
к.мк