Во зградата на Воениот ординаријат во Загреб, во среда 20 септември 2017 година, воениот ординариј во Република Хрватска, монс. Јуре Богдан го прими Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов.
На средбата бискупот Богдан го запозна бискупот Стојанов со структурата на Воениот ординаријат во Република Хрватска, како и со мисијата која Црквата ја врши преку оваа установа. Соговорниците се присетија на нивниот престој во Рим за време на студентските денови, а потоа бискупот Стојанов го запозна воениот ординариј за животот и делувањето на Католичката црква во Македонија со желба во блиска иднина бискупот Богдан да биде негов гост.
к.мк