Бискупот Стојанов преку Македонски Каритас повика на молитва и солидарност со Турција и Сирија

Бискупот Стојанов преку Македонски Каритас повика на молитва и солидарност со Турција и Сирија

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов, кој воедно е и претседател на Македонски Каритас на 7 февруари 2023 година преку Македонски Каритас повика на солидарност за настраданите од катастрофалниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија, од кој загинаа илјадници луѓе и предизвика голема материјална штета.

Епископот Стојанов ги повикува парохиите, монашките заедници, сите граѓани и компании да се вклучат во оваа акција, како би ја изразиле нашата солидарност, конкретна помош и заедништво со луѓето погодени од оваа тешка ситуација.

Паричните прилози можат да се уплатат на следната денарската сметка:

Фондација Македонски Каритас Скопје

Жиро сметка: 300000004360186, Комерцијална банка АД Скопје,

Со назнака: Донација за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија.

Собраните парични средства ќе бидат проследени на Каритас Интернационалис за ублажување на последиците од земјотресот и помош на настраданите во Турција и Сирија.

Бискупот Стојанов исто така повикува и на молитва, посебно за загинатите, повредените, исчезнатите, погодените, како и за луѓето кои работат на терен за спасување и помош на населението.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот