Бискупот Стојанов и надбискупот Вукшиќ служеа света Литургија во Скопје

Бискупот Стојанов и надбискупот Вукшиќ служеа света Литургија во Скопје

На празникот Христос Цар, во недела, 20 ноември 2022 година, во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, митрополитот и надбискупот Врхобосански и Апостолски администратор на Воениот ординаријат во Босна и Херцеговина, монс. Томо Вукшиќ го предводеше свеченото Евхаристиско славење во сослужение со Скопскиот бискуп и Струмичко-скопскиот епарх, монс. Киро Стојанов.

На почетокот од Евхаристиското славење бискупот Стоајнов упати зборови на добредојде при што рече: Ми причинува особена чест и радост да ве поздравам сите вас овде присутни на оваа Света Евхаристија, браќата свештеници, чесните сестри, слушателите на брановите на Радио Марија и вас браќа и сестри во Христа. Со длабока почит и големо задоволство меѓу нас за прв пат го поздравувам и нашиот митрополит и предводител на ова евхаристиско славење Н.В.П. монс. д-р Томо Вукшиќ, Врхбосански надбискуп и митрополит и Воен ординариј ж

Оче надбискупе, радосно ве поздравувам во името на оваа наша месна Црква која се собира во Скопје и која ми е поверена во Името Исусово, во бискупската служба, ја предводам. Ве поздравувам од името на браќата свештеници, чесни сестри, од името на сите верници, воедно ве поздрвувам и од името на сите граѓани на родниот град на света Мајка Тереза, која на свој начин го одбележа ХХ. столетие и го покажа патот според кој Црквата може да чекори во 21. столетие од своето постоење. Добро ни дојдовте, преку Вашата присутност нашето заедништво ќе биде уште побогато и затоа нека е благословено вашето доаѓање – рече бискупот Стојанов.

Во пригодната проповед монс. Вукшиќ рече: Празникот на Христос Царот всушност е празник на Божјото царство, кое светите писатели на некои библиски страници го нарекуваат така. Други пак го нарекуваат царство небесно. Во молитвата „Оче наш“ му се обраќаме на Бог Отецот со желба да дојде неговото царство, значи тоа е и царство на Отецот. А наспроти тоа, во денешниот пасус од Евангелието според Лука, еден од разбојниците бара Исус да се сети на него кога ќе дојде во неговото царство, што значи дека тоа е и царство Христово. Но, со кое име и да се нарекува, секогаш е истата реалност која потполно се остварува меѓу луѓето, кога второто лице на Света Троица стана човек.

На некои места, наместо називот царство Божјо, се користи терминот Божјо владеење, со што се изразува не само Божјата присутност, не само пасивната состојба на присутниот Бог, туку и Божјото дејствување и неговиот интерес за сопствените созданија. Исус многупати зборувал за царство Божјо и на слушателите го објаснувак како Божјо владеење, но некои тврдат дека, и покрај тоа, никаде експлицитно не објаснува што точно би значело „поимот“ царство во неговиот говор. Сепак, како што забележуваат одлични познавачи на ова прашање, „едно е да се дефинираат вистинските термини поими за животот, а друго е вистински да се живее. Едно е да се поимот среќа, а друго е да се биде среќен. И така, едно е помски да се сообличи царството Божјо, а друго е да се доживее царството Божјо, да се почувствува, да се види и да се вкуси. Не смее со поимот да се одредува искуството, туку искуството мора да го одреди поимот. Инаку од самата збрка на поимот воопшто не би можеле да стекнуваме нови искуства“ (Ј. Молтман).

Се сеќаваме, на пример, на конкретни параболи од природата: за сејачот, за семето, за синаповото зрно и други. Но, кога се читаат и се размислуав за, треба да се забележи дека во говорот на Исус, покрај конкретната слика што ја користи, и самата природа станува парабола која зборува за Бог. Имено: „Како што дрвјата позеленуваат на пролет, се појавуваат цвеќиња и растат семиња на полињата, така и царството Божјо е конечната пролет на создавањето. Започнува нов живот, сите созданија оживуваат и донесуваат плод. Исто така, очигледно е дека параболите се земени за пролет и лето, а не од есен и зима. Односно, од природниот тек на „раѓање и умирање“, само раѓање е земено како парабола за царството Божјо. Затоа што царството Божјо не е ништо друго, туку ново создавање на сите работи за вечен живот“ (Ј. Молтман).

Драги браќа и сестри, срдечно ве поздравувам и му благодарам на вашиот бискуп Киро за поканата за ова свечено евхаристиско славење. Вие сте плод на прастарата гранка, која пушта лисја и цвета на дрвото на Христовата црква. Тоа го потврдува и фактот што бискупот од овие краишта, пред 17 века, учествувал на првиот вцеленски црковен собор во Никеја во 325 година. Бидете горди на тоа! А оттогаш па до денес, многу Христови верници се вградија во овој дел од неговата Црква и се надеваат на вечно спасение. Затоа се молиме: На сите упокоени бискупи, свештеници, монаси и монахињи и останатие верници од оваа бискупија, кога ќе тропнат на вратата од рајот, Христос Царот нека им рече: „Дојдете, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, приготвено за вас од почетокот на светот“ (Матеј 25,34). И сите вас нека ве благослови за да бидете секогаш сведоци на неговото царство, а Пресветото Срце Исусово нека да ги направи нашите срца според неговото срце – рече надбискупот Вукшиќ.

За време на светата Литургија пееше Катедралниот хор под раководство на Јулија Нелковска.

Од 4 септември 2022 година, со Скопската катедрална парохија раководат отците Исусовци од Хрватската покраина, отец Винко Маслаќ, парох и отец Марјан Бешлиќ, парохиски викар.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот