Бискупот Стојанов и кардиналот Пуљиќ го посетија светилиштето на Мајка Тереза

Кардиналот Пуљиќ, надбискуп врхобосански и претседател на Бискупската конференција на Босна и Херцеговина, на 12 септември 2016 година во придружба на домашниот бискуп и апостолски егзарх Киро Стојанов и бањалучкиот бискуп Фрањо Комарица го посетија светилиштето на Мајка Тереза и „Спомен куќата“ во центарот на Скопје.

Бискупите беа пречекани од директорката на „Спомен куќата“ Рената Здравковска, која ги поведе во музејот, кој зборува за животот и делото на Мајка Тереза. Потоа заедно се помолија во капелата на Света Мајка Тереза, која бискупот Стојанов ден претходно на благодарната света Миса за канонизацијата на света Мајка Тереза, ја прогласи за светилиште на света Мајка Тереза.

На крајот од оваа кратка средба кардинал Пуљиќ се запиша во книгата на гости и заблагодари за гостопримството на вработените во оваа куќа, каде бројни поклоненици можат одблизу да ја запознаат Мајка Тереза и да молат за нејзино застапништво.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот