Бискупот Стојанов испрати сочувство по повод смртта на монс. Дучкиќ

Бискупот Стојанов испрати сочувство по повод смртта на монс. Дучкиќ

По повод смртта на монс. Никола Дучкиќ, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. Киро Стојанов во петок 31 декември 2021 година испрати сочувство до задарскиот надбискуп монс. Желимир Пуљиќ.

Во писмото со сочувство бискупот Стојанов истакнува дека Црквата во Македонија со тага ја прими веста за смртта на монсињор Никола Дучкиќ со кого ги поврзува некогашната заедничка Скопско – призренска бискупија и неговото верно и вредно служење во неа.

„Ќе остане засекогаш запаметен како примерен свештеник, кој својот живот го посвети служејќи на Мајката Црква и својот народ. Неговата духовна помош, молитви и совети кај многумина во Скопска бискупија, но и кај верниците од Струмичко-скопската епархија, а пред сѐ кај кандидатите за свештенство, внесуваа сила и надеж за подобра иднина“ – пишува монс. Стојанов.

Обраќајќи се до надбискупот Желимир Пуљиќ, семејството, верниците од Кистање, Јањевците и сите оние кои тесно се поврзани со него, епископот Стојанов во негово лично име и во име на свештенците, монашките заеднци и верници на Католичката црква во Македонија изразува искрено и длабоко христијанско сочувсто за непроценливиот и вреден свештеник монс. Никола Дучкиќ, посакувајќи добриот Бог да го награди за сите негови добри дела со вечен живот.

„Го молиме милосрдниот Бог со радосно лице да го пресретне и да му дарува вечна  радост во царството небесно!“ – стои на крајот од писмото со сочувство на бискупот Стојанов.

Монсињор Никола Дучкиќ, пензиониран свештеник на парохијата „Воведение на Пресвета Богородица“ во Кистање и поранешен свештеник на Скопско – призренската бискупија почина во четврток на 30 декември 2021 година во парохиската куќа во Кистање – Хрватска, а ќе биде погребан во понеделник 3 јануари 2022 година во Кистање.

к.мк

Почина монсињор Никола Дучкиќ

Категорија: Вести, Македонија

За авторот