На празникот Богојавление, 19 јануари 2018 година, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов во заедништво со Апостолскиот нунциј Н.В.П. монс. Анселмо Гвидо Пекорари во парохиската црква „Свети Иван Крстител“ – Струмица го крсти Иван, петто крстено дете во семејството Гоце и Габриела Костови.
Бискупот Стојанов од срце им го честита на родителите крштението на Иван и ја истакна важноста за отвореноста кон животот, посакувајќи им Божји благослов. Истовремено тој потенцира дека е подготвен да го крсти секое петто родено дете во едно семејство од парохиите во Апостолскиот егзархат во Македонија и Скопска бискупија.
По завршувањето на Крштението монс. Стојанов и Апостолскиот нунциј Пекорари се задржаа во разговор и заедништво со присутните членови на семејството на новокрстениот Иван.
Пред извесно време бискупот Стојанов во Радово го крсти петото дете во семејството Кирчо и Олгица Стојанови.
к.мк