Бискупот Стојанов го прими Секретарот на Конгрегацијата за Источни Цркви архиепископот Васил
Во Скопје на 30 април 2016 година, Скопскиот бискуп и Апостолскиот егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов го прими секретарот на Конгрегацијата за Источни Цркви
архиепископот монс. Цирил Васил СЈ, кој пристигна во пасторална посета на Апостолскиот егзархат, во придружба на неговиот заменик отец Лоренц Лорусо ОП.
Секретарот на Конгрегацијата за Источни Цркви монс. Цирил во рамките на својата пасторална програма ќе ја предводи велигденската литургија на полноќ во катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица, како и во неделата на Велигден во парохијата Свети Пророк Илија во Радово.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Македонија