Бискупот Стојанов го прими амбасадорот на Република Полска во Македонија

Во средата на 04 мај Апостолскиот егзарх во Македонија и Скопски бискуп монс. д-р Киро Стојанов во просториите на ординаријатот го прими Н.Е. Јацек Мултановски, амбасадор на Република Полска во Македонија, придружуван со гостите од Полска отец Јан Сохоњ, професор на Универзитетот „Кардинал Стефан Вишински“ во Варшава и отец Кристоф Нидавтовски, ректор на црквата Свети Иван и предавач во архиепископското училиште во Гданск.

Двајцата професори од Полска се во Макеоднија по повод своите научни предавања поврзани со 1050 годишнина од покрстувањето на Полска.

Средбата помина во пријателска и пријатна атмосфера.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот