Бискупот Стојанов ги прими членовите на Катедралниот хор од Скопје

Бискупот Стојанов ги прими членовите на Катедралниот хор од Скопје

Во четврток 4 јануари 2024 година во бискупската резиденција во Скопје, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов на традиционалниот божиќно – новогодишен прием им искажа добредојде на членовите на Катедралниот хор „Пресвето Срце Исусово“ од Скопје. На сребата присуствуваше катедралниот парох о. Винко Маслаќ како и о. Марјан Ристов, бискупски канцелар.

Во оваа прилика беа изразени обострани честитки и разменети подароци. Бискупот Стојанов им се заблагодари на членовите на Катедралниот хор за нивната несебична пожртвуваност при литургиските славења и им посака успешна и благословена Нова година, упатувајќи им го својот архиерејски благослов.

Хористите, предводени од диригентката Јулија Неловска, му ги честитаа на бискупот Стојанов божиќните и новогодишните празници искажувајќи благодарност за неговата постојаната поддршката, која ја дава на хорот.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот