Во четврток 1 февруари 2024 година Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов и воедно Претседател на Македонски Каритас го изврши овогодинешниот благослов на просториите на националната канцеларија на Македонски Каритас во Скопје. Обредот започна во капелата на Каритас, по што следуваше благослов на просториите и персоналот.
По благословот бискупот Стојанов се задржа во разговор со вработените, информирајќи се за тековните активности на ова социо-пасторално тело на Црквата, охрабрувајќи ги да продолжат да работат во духот на љубовта кон ближните во потреба.
к.мк