Бискупот Стојанов во Скопје го предводеше Крстниот пат
Во петок 21 март 2014 година во катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје, побожноста Крстен пат, која ја анимираа младите од парохијата, го предводеше Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов.
Имајќи ја пред очи длабочината на Божјата љубов кон човекот, која посебно се гледа во побожноста на Крстниот пат, младите за секоја постојка читаа размислувања од книгата „Со Исус во срцето“ од авторот Павле Маџаревиќ.
По завршувањето на Крстниот пат, Евхаристиското славење го предводеше бискупот Стојанов, кој во својата пригодна проповед ги охрабри верниците со сила на верата секојдневно да се носи крстот, имајќи ја пред очи длабоката Божја љубов, која ни се објави на Крстот.
дон Давор Топиќ
Категорија:
Македонија