Светата Литургија со посвета на миро на Велики Четврток, 28 март 2024 година, во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје ја предводеше Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов во заедништво со свештеници од Скопска бискупија и Струмичко – Скопска епархија.
Во својата проповед бискупот Стојанов се осврна на свештеничката служба и во таа прилика го честита празникот на свештениците, како и на сестрите Евхаристинки. Во пригодната проповед бискупот упати до свештениците зборови на охрабрување и го повика верниот народ да се моли за свештениците и бискупот за да можат да ја извршуваат службата која им е доверена.
По завршувањето на проповедта следуваше обнова на свештеничките ветувања, а потоа свештениците заедно со бискупот застанаа пред олтарот каде бискупот го благослови елејот кој ќе се користи при делењето на светата Тајна елеопомазание на болните, а пред крајот на светата Литургија бискупот го посвети и мирото.
На светата Литургија со посвета на миро пееше Катедралниот хор под водство на маестро Јулија Неловскa.
к.мк