Бискупот Стојанов во Куманово
На 24 јуни 2014 година на празникот Раѓање на Свети Иван Крстител, Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов ја посети заедницата „Мисио ад гентес“ во Куманово и по тој повод служеше света Миса за патрониот празник.
Поздравни зборови до бискупот Стојанов упати парохот и водител на заедницата, дон Хуан мануел Кастро, истакнувајќи дека секогаш е голема радоста за присустовто на бискупот при што му се заблагодари на пастирската грижа и љубов, која ја искажува кон заедницата.
Во проповедта бискупот Стојанов истакна дека Иван Крстиел е пример за верата, кој со своето послание, која му е искажана од Божјата љубов, е глас кој повикува на преобраќање, како и навестувањето на Исус Христос, Откупителот на човештвото. Укажувајќи на понизноста која го краси Иван Крстител, нагласи дека со силата на милоста секојдневно сме повикани да го подготвуваме патот до своето срце за Господ. Потоа ги охрабри во верата презвитерот и семејствата кои се во послание во Македонија.
По завршувањето на Евхаристиското славење следуваше агапе со семејствата и верниците од Куманови.
Неокатекуменската заедница „Мисио ад гентес“ во Куманови своето послание за нова евангелизација и навестување на Радосната вест го започна со декрет на бискупот Стојанов во 2010 година. Заедницата е составена од семејства со бројни деца придружувани од свештеник.
д.т.