Бискупот Киро Стојанов во посета на Католичката Црква во Охрид
Во недела 17 август 2014 година Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, заедно со отец Оливер Тантушев служеше света Литургија во филијалната црква „Свети Кирил и Методиј и свети Бенедикт“ во Охрид.
Бискупот Стојанов заедно со верниците од Охрид , како и верниците туристи во овој град, во Година на семејството молеше за благослов на присутните семејства.
При крајот од светата Литургија отец Оливер Тантушев се заблагодари на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов за духовната подршката на оваа заедница. После светета Литургија бискупот Стојанов се задржа во разговор и заедништво со верниците од Охрид.
к.мк
Категорија:
Македонија