Бискупите на НР Конго предупредуваат на големата неисхранетост на деца

Бискупите на НР Конго предупредуваат на големата неисхранетост на деца

Монс. Марсел Мадила, надбискуп на Кананга: Ако не им се помогне веднаш на децата, може да имаме илјадници мртви

Во централниот дел на Демократска Република Конго повеќе од 770.000 деца на возраст до 5 години трпат поради тешка неисхранетост – истакнуваат бискупите на покраината Касаи, напоменувајќи дека несигурноста и насилството поврзано со герислкото движење, кое се повикува на групата Камвина Нсапу, предизвикаа на тоа подрачје многу тешка хуманитарна криза. Диоцезите кои се зафатени од кризата – според агенцијата Фидес – се надбискупијата Кананга, бискупијата Луиза, Луебо и дел од бискупјата Мвека. За време на нивните пасторални посети бискупите посебно ја согледале хуманитарната драма и големата неисхранетост на народот.

Надбискупот на Кананга: Ако не се помогне ќе умрат илјадници деца

Повеќе парохии во Кананга примаат неисхранети деца – напомена надбискупот Марсел Мадила и упати апел за итна и масовна интервенција, бидејќи започнува тешкиот период на суша. Ако на децата веднаш не им се помогне, би можеле да имаме илјадници мртви – истакнува надбискупот.

Последиците од неисхранетоста можат да бидат полоши од епидемијата ебола

Каритас Конго во постојаниот контакт со осум бискупски Каритаси на црковната провинција Кананга, настојува да подготви план за одговор на таа криза, чии последици најверојатно ќе бидат поглеми од тие на епидемијата од ебола. Неисхранетоста се зголемува со почетокот на сушниот период, период во кој обично во семејствата недостасува храна – напомеа Емануел Мбуна, национален коориднатор на оделот за кризата во Каритас Конго.

Населението бега од милитантите

Камвина Нсапу е традиционален водач на територијата Дибаја, 70 килиометри југоисточно од Кананга, главниот центар на Среден Касаи, кој е убиен на 12 август 2016 година за време на воената операција на безбедносните сили. Неговите следбеници се организираат во воени групи и започнуваат напади, и тоа не само на војници, туку и на цивилното население. Побуната брзо се проширува и во соседните покраини, како што се Источен Касаи, Касаи и Ломами, и ги принудува жителите на повеќе населби да бегаат од насилството.

Ватиканњуз/к.мк

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот