Бенедикт XVI ќе учествува на прославата за прогласување за свет на неговиот претходник
Почесниот папа Бенедикт XVI ќе присуствува на прославата за прогласувањето на светци на неговите претходници, Иван XXIII (1958-1963) и Иван Павле II (1978-2005). Ова го потврди во среда, 23 април заменик претседателот на римскиот центар за поклоници, Либерио Андреата. Андреата зборуваше за настан кој досега не „никогаш не е виден“: двајца живи Папи, ќе бидат присутни при прогласување за светци на двајца папи. Папата Фрањо ќе го предводи славењето на плоштадот Свети Петар.
Бенедикт XVI во април 2005 година е избран за наследник на Иван Павле II, а неговото прогласување за блажен се случи во рекорден временски период, односно на 1 мај 2011 година. При неговото повлекување во февруари 2013 година Бенедикт XVI најави дека ќе води живот повлечен од јавноста. Од тогаш живее во поранешен манастир во Ватикан и многу ретко се појавува во јавноста. На 22 февруари учествуваше на консисториумот за именување на нов кардинали.
Кат нет/го*ко