Бенедикт XVI ќе го помине летото во Ватикан

Ватикан, 26.6.2013 /к.мк/ – Бенедикт XVI е „опуштен, има добро памтење и неговите очи се бистри и радосни“. Со овие зборови о. Стефан Ото Хом, претседател на Студенсткиот круг Рацингер го опиша почесниот папа, кој го посети на почетокот од месец јуни, пренесува Ром Репорт.

Светиот Отец Фрањо на почесниот папа Бенедикт XVI му ја отстапи на потполно располагање летната резиденција во Кастел Гандолфо, но според зборовите на некогашниот Рацингеров студент о. Стефан Ото Хом, папата Бенедикт XVI сака да го помине летото во Ватикан.

Папата Бенедикт XVI доброволно се откажа од учество во јавниот живот и поради тоа ова лето нема да се сретне со своите некогашни студенти, а нема да биде присутен и во октомври на доделувањето на Рацингеровата награда. (го*ко)

Категорија: Uncategorized

За авторот

Write a Comment

<