Безгрешно зачнување на Блажена Дева Марија
Овој празник често се заменува со настанот кога Марија го зачнала Исус, меѓутоа се работи за две различни појави
За овој маријански празник би можеле да речеме дека е убав и непознат. Ни многу „добри“ христијани не ја знаат содржината на празникот, не знаат да кажат што всушност тука се слави. А оние кои „сè знаат“ обично го „толкуваат“ според своето (не)знаење.
И едните и другите ги збунува пред сè името на празникот, составено од два збора: „безгрешно“ и „зачнување“. Зачнувањето на нов човек е чудесно случување, црковно би можеле да кажеме момент на човечка соработка со Господ во создавањето на ново битие, величествен момент.
Безгрешноста и гревот се, јасно, крајни спротивности, две инкомпатибилни стварности.
Со тој мал вовед и предзнаење можеме накратко да кажеме, што значи изразот и името на празникот „Безгрешно зачнување на Блажена Дева Марија“. Значи црковната наука дека не преминала на Марија, источниот (од глаголот ’истекува’), прародителскиот грев. Бог ја сочува од „источниот грев“ веќе во крилото на нејзината мајка Ана и тоа затоа што неа (Марија) така однапред ја избра да биде мајка на Исус Христос. Се работи, значи, за една духовна стварност, велиме, таинство и дел на верата. Теологија продолжува дека Марија не направила ни личен грев. – Всушност поради таа пред сè возвишена содржина на оваа наука за Марија, воведен е во календарот на општата Црква покрај другите и овој маријански празник „без источниот грев зачната Девица и Богородица Марија“.
Блажена Дева Марија сочувана е од секоја дамка на источниот грев од моментот на своето зачнување. Исто така, Марија не била лишена од посветни милости, туку била полна со милости добиени од Бог и живеела живот сосема без грев.
Овој празник често се заменува со настанот кога Марија го зачнала Исус, се работи за две различни појави.
Празникот Безгрешно зачнување на Блажена Дева Марија, се слави на 8 декември. Го втемелил папата Сикст IV во 1476 година. Догмата свечено ја прогласи папата Пиј IX во посланието “Ineffabilis Deus”, на 8 декември 1854 година. Католичката Црква верува дека догмата има потпора во Библијата. Архангел Гавриил ја нарече Марија „благодатна“, а црковните отци ја нарекуваа Марија – Блажена Дева. Според католичката теологија, Марија морала да биде сосема без грев, да би можела да го зачне Исус.
Еве што Катехизмот на Католичката Црква научува за Безгрешното Зачнување:
„За да би била Мајка на Спасителот, Марија „била од Бога надарена со дарови кои се во склад со така возвишена улога“. Ангел Гаврил, во часот на навестувањето, ја поздравува како „благодатна“ (Лк 1,28). И навистина, за да би можела на навестувањето на својот повик да даде слободна согласност на својата вера, било потребно да биде целата носена од Божјата милост.
Во текот на вековите Црквата станувала свесна дека Марија, исполнета со Божјата милост, била откупена веќе од своето зачнување. Така догмата за Безгрешното Зачнување, прогласена од папата Пиј IX во 1854 година изјавува:
Преблажена Дева Марија во првиот момент од своето зачнување, со единствена милост и привилегија од Семоќниот Бог, во предвидувањата на заслугите на Исус Христос кон човечкиот род, била сочувана од секаква дамка на источниот грев.
Целиот тој „сјај на сосема единствена светост“ која Марија ја краси веќе од првиот час на нејзиното зачнување“ ѝ доаѓа потполно од Христос: таа е „откупена на возвишен начин во вид на заслуги на својот Син“.[132] Било од која друга создадена личност, Отецот ја „благослови со секаков благослов духовен од небесата во Христос“ (Еф 1,3). Преку него ја избра, „уште пред светот да биде создаден, за да биде ’света и непорочна’ пред Него во љубовта“ (Еф 1,4).“
Католици.орг/Битно.нет/Превод: С.С.