Бабица во Шведска поради верски убедувања одби да учествува во абортус

Елинор Гримарк одби да учествува во постапка за абортус, а веднаш потоа болницата ја отпушти од работа. Бабицата била приправничка, а болницата им ги плаќала трошоците за студирање, но сето тоа е запрено кога на своите претпоставени им кажа дека од верски причини не сака да учествува во абортуси.

„Се чувствувам лично навредена. Мислам дека верата е човечко право и дека во Шведска мора да постои право на приговор на совест“, изјави Елинор на новинарите. Интересно е што Елинор не доби подршка од матичниот синдикат.

„Пациентот во Шведска мора да знае каква здравствена грижа ќе добие, а тоа не смее да зависи од тоа на каков персонал ќе наиде“, порача потпретседателката на шведското здружение на здравствени работници, Пија Арндорф.

Случајот со хрватската бабица Јага Стојак не е осамен, покажува случајот со бабицата во болницата на југот од Шведска. Таа упати жалба до нардониот правобранител поради верска дискриминација, а поплака е упати и до Европскиот совет за човечки права.

Лаудато/го*ко

Категорија: Свет

За авторот