Две нови советнички во Папскиот совет за култура

Две нови советнички во Папскиот совет за култура

Папата Фрањо во петокот на 26 февруари именуваше две нови советнички во Папскиот совет за култура.

Како што соопштува Канцеларијата за печат на Светиот Престол новите членки на овој совет се проректорот викар на Католичкиот универзитет Sacro Cuore во Милано Антонела Скиароне Алибранди и професорката по медицина и психологија при универзитетот La Sapienzia во Рим Алесандра Таламо.

Вкупо 35 советници во Папскиот совет за култура

Папскиот совет за култура со овие две именувања има вкупно 35 советници кои Светиот Отец ги именуваше со мандат од пет години и нивната задача е да помогнат на спомнатата дикастерија за проучување на прашања од посебна важност.

Од нив се бара совет и мислење, било поединечно, или да се повикаат на состанок заради решање на одредени проблеми и соочување со актуелни предивизи кои се однесуваат на културата.

Ика/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот