Во организација на Комисијата за општествена пасторална грижа Епископската конференција на Аргентина, на 12 јули започна во Аргентина т.н. Социјална седмица. „Сонуваме за ново човештво“ е централната тема на овогодинешните настани во склоп на кои ќе се обработуваат теми како распределба на храна, Интернет врските како човеково право, обнова на економисијата и братството.
Вдахнати од делот од енцикликата на Папата „Fratelli tutti“ организаторите истакнаа дека се надеваат дека ќе направат чекор кон новиот начин на живеење и дека еднаш засекогаш ќе сфатиме дека сме потребни едни на други.
Социјалната седмица ја отвори претседателот на Епископската конференција на Аргентина епископот монс. Оскар Ојеа.
Неизбежно прашање е и пандемијата од болеста Ковид-19, заради што во Аргентина до сега се забележани повеќе од 98.000 смртни случаи. Таа има последници и на економијата и на општеството посебно за најранливите групи. Фокусирајќи се на братството, Социјалната седмица ќe настојува да промовира средба, дијалог и размислување за тоа не само да сонуваме, туку i да изградиме „ново човештво“.
Ватикан њуз/к.мк