Светиот Престол е посебно загрижен поради зголемениот број напади врз синагоги, еврејски гробишта и други места на еврејската заедница, изјави Апостолскиот нунциј во Македонија надбискупот Лучијано Суријани, во понеделник, 6 февруари 2023 година на затворањето на конференцијата за борба против антисемитизмот во земјите на ОБСЕ.
Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) во понеделникот на конференцијата во Македонија го претстави новиот извештај за случаите на антисемитизам во земјите на ОБСЕ. Од година во година, извештаите на ОДИХР за злосторство од омраза даваат сè поголем и алармантен број на податоци за антисемитските злосторства од омраза. Речиси сите инциденти пријавени до ОДИХР се злосторства против верата од омраза. Меѓутоа, антисемитските злосторства од омраза, како и другите антирелигиозни злосторства од омраза, не се евидентираат толку многу и се многу повеќе од она што што е наведено во годишните извештаи. Ова го истакна Апостолскиот нунциј во својот говор во понеделникот.
Надбискупот Суријани рече: Во последниве години видовме зголемена ерозија на слободата на еврејскиот народ за негување на нивните религиозни традиции и да живеат според заповедите на својата совест. Изгледа дека некои несоодветни ограничувања на слободата на верата или уверувањето се засноваат на погрешното сфаќање дека верски мотивираното однесување или делување не треба да имаат место во нашите општества.
Спротивно на тоа, Светиот Престол е убеден дека, токму во секуларното општество, верската слобода е суштинска и за верниците и за неверниците, „бидејќи ја штити најинтимната сфера на секој поединец и идентитетот на различните верски заедници кои живеат во нашите општества“, додаде претставникот на Ватикан на конференцијата на ОБСЕ во Скопје.
Антисемитизмот е зголемен на интернет
Антисемитските изјави постоеле многу пред дигиталната ера, но интернетот, а посебно распространетата употреба на социјалните мрежи, доведоа до суштинска промена на парадигмата, се вели во говорот на претставникот на Светиот Престол. Антисемитските содржини на социјалните мрежи добиваат светска публика и лесно можат да станат вирален феномен поради алгоритамското засилување, со невидени мултиплификациски ефекти. Покрај тоа, креаторите на содржини лесно можат да го сокријат својот идентитет, а со тоа се отежнува на властите за казнено гонење.
Светиот Престол во неколку наврати нагласи дека правото на слобода на изразување, како и секое друго човеково право, вклучува и одговорност што не може да се игнорира, потсети нунцијот Суријани. „Ако истите права кои луѓето ги имаат офлајн треба да се заштитат на интернет, соодветните должности и одговорности кои луѓето ги имаат офлајн мора да ги имаат и онлајн“.
Ватикан њуз/к.мк