Апостолскиот Нунциј во Сараево: Посетата на Папата се очекува со нетрпение

Изјавата на папата Фрањо дека на 6 јуни ќе го посети Сараево предизвика голема возбуда не само меѓу католиците на Босна и Херцеговина. Во текот на претпладневната прес-конференција одржана во Сараево заедно со кардиналот Винко Пулиќ, апостолскиот нунциј во БиХ, надбискупот Луиџи Пецуто истакна дека посетата во Сараево ја потврдува чуствителноста на Папата кон сиромашните.

Зборувајќи во интервју за Радио Ватикан за одекот на народот и средствата за информации, Апостолскиот нунциј рече дека веста е многу добро прифатена. Бидејќи посетата била одамна очекувана, убедени сме дека ќе биде плодоносна за сите граѓани на БиХ и тоа не само за католиците. Сараево е културен и верски крстопат: во Сараево има различни христијански вери и различни религии. Локалниот муслимански лидер ми рече: „Кажете му на Папата да дојде: иако заради краткото време ќе го посети само Сараево, ќе направи добро за сите жители на Босна и Херцеговина“. Дури сега можам да кажам дека сите со задоволство го очекуваат Папата – рече Апостолскиот нунциј Пецуто.

На прашањето за важноста на посетата на Папата, рече дека посетата во Сараево е многу важна за мир, а тоа го рекол и самиот Папа. Мировниот процес е во тек, но сеуште не е завршен. Освен тоа тука е во прашање и религискиот дијалог; меѓурелигискиот и екуменскиот. Јасно е дека посетата на Папата има многу големо, би рекол, и посебно значење – рече Апостолскиот нунциј.

На забелешката дека Папата сака да ги посети сите Цркви во светот, рече дека Папата е – како и самиот често истакнува – многу внимателен на перифериите. А во оваа периферија пред дваесет години се водеше крвава војна, која зад себе остави многу жртви: физички, психички и сиромашни. Посетата е во стилот на папата Фрањо кој оди во пресрет на оние кои имаат најмногу потреба – истакна Апостолскиот нунциј.

На прашањето за очекувањата од посетата, рече дека самиот Папа ги истакна: мора многу да се молиме; посетата да биде плодоносна за локалната Католичка црква како и за општеството на сите нивоа, всушност на културно и верско, со цел да се создаде атмосфера за мирољубив соживот. Тој процес е во тек, но треба да се доведе до крај – заврши Апостолскиот нунциј Пецуто.

РВ/З.А./фото/кта

Категорија: Свет

За авторот