Апостолатот на морето кој во 2020 година одбележува 100 години од постоењето го промени своето официјално име во „Стела Марис“, соопшти меѓународниот директор на организацијата д-р. Бруно Цицери, објави Catholic News Agency.
Апостолатот на морето е католичка добротворна организација која нуди помош на морепловците во целиот свет. Во писмото упатено во понеделникот на 28 септември до сите капелани и волонтери на таа организација, меѓународниот директор д-р Бруно Цицер образложува дека промената на името била неопходна затоа што организацијата во различни земји имала различни називи што доведувало до конфузија и недоразбирање.
„Од сега ‘Стела Марис’ ќе биде официјалното име под кое Апостолатот на Католичката црква за морепловците ќе биде познат“, објави директорот Цицери и ја соопшти и промената на официјалното лого на Апостолатот на морето. Потсети и на почетоците на организацијата која е основана во Глазгов во 1920 година вдахнато од Апостолатот за молитва – глобална организација започната во 1844 година во Франција. (…)
Организацијата има намера свечено да го прослави својот јубилеј со конгрес во Глазгов кој заради пандемијата од коронавирусот е одложен за следната година. Сепак на 4 октомври надбискупот Филип Тартаглија ќе ја предводи светата Литругија која сите поддржувачи ќе можат да ја следат на интернет страницата „Стела Марис на Велика Британија.“
ЦНА/к.мк