Апел од Ватикан: Колектата за Велики Петок е од клучна важност за опстанокот на христијаните во Светата Земја
Пандемијата со коронавирусот силно ги погоди христијаните во Светата Земја и на Блискиот Исток.
Опстаникот на христијаните во Светата Земја многу зависи од финансиската помош која на Велики Петок се собира во црквите во целиот свет, е клучната порака во апелот на префектот на Конгрегацијата за Источни Цркви кардиналот Леонардо Сандри.
Во писмото кое во четвртокот е објавено Сандри истакнува дека ситуацијата е предизвикувачка со малобројните христијани во Светата Земја и на Блискиот Исток, дополнително ја отежна пандемијата со коронавирусот заради која многумина мораа да ги згаснат своите работи, најчесто поврзани со туризмот и поклониците. Затоа многумина размислуваат за напуштање на Светата Земја истакнува кардиналот повикувајќи ги католиците на солидарност со христијаните кои живеат на тоа подрачје.
„Ова беше година преполна со предизвици така и за Светиот град Ерусалим, за Светата Земја и за малата христијанска заедница која живее на Блискиот Исток и сака да биде сол, светло и квасец на Евангелието. Во 2020 година христијаните во тие земји биле изолирани поради што уште повеќе се чувствувале одалечени и одвоени од своите браќа во целиот свет. Заради недостаток на поклоници ги загубија своите работи што следствено им ја отежна можноста за достоинствен живот и да заработат за нивните семејства и деца. Во многу земји постојаните војни и санкции го зајакнаа ефектот на пандемијата,“ стои во писмото.
Пандемијата исто така го отежна минатогодишното собирање на Колекта за Светата Земја која од Велики Петок е префрлена на 13 септември 2020 година. Покрај тоа наведува кардинал Сандри дополнителните потешкотии оневозможија поделба на економска помош во многу земји.
„Нека овогодинешната Колекта за Светата земја биде прилика на сите нас да не ја игнорираме тешката ситуација на нашите браќа и сестри на светите места, туку да им ги олесниме товарите. Ако овој мал гест на солидарност и делење (…) не успее на многумина од нив ќе им биде уште потешко да се спротивстават на искушението да ја напуштат својата земја, парохиите во пасторалот и образованието ќе бидат уште покомплицирани, а одржувањето на социјалната посветеност кон сиромашните и оние во страдање ќе биде уште понапорно.
Инаку Колектата „Pro Terra Sancta“ се роди од желбата на Папата да одржи силна врска со верните од светите места. Според извештајот на Конгрегацијата за Источни Цркви таа претставува главниот материјален извор за помош на христијаните во Светата Земја и е знак на солидарност со црковните заедници на Блискиот Исток. (…)
Ватикан њуз/к.мк