После повикот на Папата поради големите тензии во Еруслаим, се надеваме дека и политичките лидери ќе го слушнат повикот на Папата и ќе сторат нешто – напоменува од Ерусалим Исусовецот о. Давид Нојхаус. Не е доволно само да се знае што кажал Папата, туку треба и да се прифатат тие негови зборови и конкретно да се делува. Повторно се наоѓаме во средиштето на многу големо насилство – истакна Исусовецот и спомена за големата загриженост: напнатоста имено ги надмина границите на израелската држава и стигнао до Јордан.
Насилството кое избувна по израелската одлука да се постават детектори за метал на платото од џамијата, е пропратено со пукање врз израелската амбасада во Аман. Скоро истовремено јорданската амбасада во Израел, објави кризна состојба. Случувањата во Јордан меѓународниот печат го толкува како знак на големи тензии на Блискиот Исток по израелската одлука за поставување детектори. Кога се работи за нешто многу важно во муслиманскиот свет, како што е џамијата ал – Акса, тогаш тоа се однесува на сите Арапи, сите муслимани – истакнува Исусовецот. Тој објасни дека затоа поглаварите на Црквите во Ерусалим упатија апел до јорданскиот крал Абдулах II. Барајќи од него да го искористи своето влијание и да се обиде на случувањата да внесе малку повеќе умереност за да се смири ситуацијата.
Мислам дека во овој момент Црквата има многу важна улога; Папата, нашите бискупи, свештениците и сите верници – рече патер Давид. Цел е да се покаже дека навистина сме народ кој бара праведност и мир, во љубов и желба за помирување. Можеби сега најважен збор е „простување“, бидејќи во Светата Земја сите се ранети, и важи правилото ‘сите против сите’.
А како Црква сме повикани храбро и силно, со почит кон другите, да зборуваме за праведност и мир. Како Црква во Светата Земја, ние сме на „израелско, еврејската страна“, на „палестинско, арапската“ и преку дијалог со евреите и муслиманите, сакаме да покажеме дека мирот, праведноста и помирувањето не се само апстрактни поими, туку реалност – истакнува на крајот ерусалимскиот патријрхиски викар, патер Давид Нојхаус.
РВ/к.мк