Ангел Господов: Секој од нас има послание, Бог не поттикнува да откриеме на што сме повикани
Папата Фрањо во говорот пред молитвата Ангел Господов на третата недела од Божиќниот пост поттикна да го искористиме адвентското време за да се запрашаме што треба да направиме за да се подготвиме за Божиќ.
Прашањето „што треба да направиме“ кое мноштвото го прашува Иван Крстител, не произлегува од чувството на обврска, туку нивните срца ги допрел Господ, рече Папата во обраќањето на третата недела од Божиќниот пост. Давајќи го како пример исчекувањето на гост во својот дом – кога радосно и нестрпливо го очекуваме доаѓањето и го подготвуваме домот, вечерата – така нас и радоста за доаѓањето Господово нè поттикнува на прашањето што треба да направиме, објасни Светиот Отец.
Меѓутоа Бог го воздигнува тоа прашање на едно повисоко ниво – што треба да направам со својот живот? На што сум повикан? Што ќе станам? Со ова прашање Евангелието нè потсетува дека животот не е бесмислен, препуштен на случајот. Напротив, тоа е дар кој Господ ни го дава. Од нас бара да откриеме кои сме, упорно да работиме за да го оствариме сонот кој е нашиот живот. Секој од нас, нагласи Папата има послание за да го исполни. Затоа да не се плашиме да Го прашаме Господ, што треба да направам? Да Го прашуваме често?
Да се запрашаме исто така што би било добро да направиме за себе и за своите браќа и сестри, поттикна Светиот Отец. Како можам да придонесам за доброто на Црквата и на општеството? Тоа е смислата и периодот на Божиќниот пост: да застанеме и да се запрашаме што треба да направам за да се подготвам за Божиќ, потсети Папата.
По прашањата на мноштвото, во Евангелието е запишан одговорот на Иван – кој е различен за секоја група. Дава специфичен збор на секој човек кој одговара на нивната актуелна ситуација во животот. Ова ни нуди скапоцено учење: верата е овоплотена во конкретниот живот. Не е апстрактна теорија. Лично нè допира и го преобразува сечиј живот, рече папа Фрањо.
Заклучок, да се запрашаме – што треба конкретно да правиме, како можам да го дадам својот придонес, поттикна Светиот Отец. Да избереме нешто конкретно, макар нешто мало што е прилагодено на нашата животна ситуација и да продолжиме тоа да го правиме во подготвката за Божиќ. На пример можам да се јавам на осамена личност, да посетам стара или болна личност, да му служиш на сиромавиот, на некој во потреба. Понатаму можеби мора да побарам прошка или некому да простам, да ја разјаснам ситуацијата, да платам долг. Можеби сум ја занемарил молитвата и откако сум поминал толку време морам да го прашам Господ за прошка. Да пронајдеме нешто конкретно и да го правиме тоа рече Папата, молејќи заговор од Блажена Дева Марија.
Ватикан њуз/к.мк