Алчноста, суетата и горделивоста се корените на секое зло
За немирот од Светиот Дух и немирот на оптеретена совест, суетата која го фалсификува животот како остеопороза на душата: за тоа зборуваше папата Фрањо во текот на светата Литургија на 22 септември 2016 година во домот Света Марта.
Денешното Евангелие говори за немирот на царот Ирод (Лк 9, 7-9): откако го убил Иван Крстител, Ирод се чувствува загрозен од Исус. Вознемирен е како што неговиот татко Ирод Велики бил вознемирен по посетата на тројцата мудреци (Мт 2, 16). Папата објасни дека човечката душа е отворена на немирите: добриот немир – кој доаѓа од Светиот Дух и кој душата ја поттикнува на добро. Но, постои и лош немир, толкува Папата, лошиот немир се раѓа во нечистата совеста. Овие двајца Иродовци својот немир го решавале убивајќи, газат преку туѓи лешови.
„Луѓето кои направиле многу зло, кој прават зло и имаат нечиста совест не можат да живеат во мир.“ Папата го спореди нивниот немир со чешање кое никогаш не попушта. „Направиле зло, а злото секогаш има ист корен: алчност, суета и горделивост. Не ја оставаат совеста на мир, не дозволуваат влез на здравиот немир на Светиот Дух, туку го претвораат животот во немир и страв. Алчноста, суетата и горделивоста се коренот на секое зло,“ рече Папата.
Денешното прво читање од старозаветната Книга Проповедник, Еклизијаст (Проп 1, 2-11) зборува токму за суетата, за бесцелноста. „Суетата нè отекува. Суетата не е со долг век, туку е како меур од сапун. Бескорисна суета. Каква корист човекот од целиот труд негов?“ Човекот се вознемирува заради привидот, како би изгледало како она што не е, објасни Папата за смислата на суетата. „Со едноставен речник: суетата е фалсификување на сопствениот живот. Душата од тоа се разболува затоа што ако некој го фалсификува сопствениот живот заради привид и сè што прави – прави заради привид, заради суета, што му останува на крајот? Суетата е како остеопороза на душата: коските надворешно изгледаат добро, но одвнатре се уништени. Суетата нè води во измама.“
Како измамниците во партијата карти, таквите луѓе мамат за да победат, а „таа победа е лажна, предупреди Папата, суетата е живот заради глума, живот заради привид. Тоа предизвикува немир во душата.“ Свети Бернард силно го препорачува постот, потсети Папата: „Мисли на она што ќе станеш. Ќе станеш храна на црвите. Фалсификувањето на твојот живот е лага затоа што ќе те изедат тие црви и нема да има ништо.“ Силата на суетата се покажува кога човечката горделивост турка кон беззаконие: затоа што не сака да дозволи да се видат грешките и покрива сè, порача Папата и продолжи:
„Колку луѓе познаваме кои изгледаат како добри луѓе. Секоја недела одат на света Литургија. На Црквата даваат големи прилози. Тоа е она што се гледа, но внатре е остеопорозата – расипаноста. Има луѓе кои прават така, но има и свети луѓе. Суетата е токму тоа, изгледаш како света икона, но твојата вистина е нешто сосема друго. А каде е нашата сила, нашата сигурност, нашето засолниште? Читавме во Псалмот: „Господи, Ти си ни прибежиште од род во род.“ (Псалм 90, 1). Пред Евангелието се присетивме на Исусовите зборови: Јас сум патот, вистината и животот. (Иван 14, 6). Во тоа е вистината, а не во привидот на суетата. Нека Господ нè ослободи од трите корени на секое зло: од алчноста, суетата и горделивоста. Но, најмногу суетата која ни прави многу зло! заврши Папата.
РВ/к.мк