Акција во Радово
На плоштадот пред капелата Блажена Мајка Тереза, во среда 27 ноември беше направена акција за поставување на столпчиња за оградна мрежа кои ќе послужат за заштита на посеаните дрва во плоштадот, од можните оштетувања.
Акцијата се совпадна со денот на пошумувување на Македонија кој го прогласи владата на РМ, па овозможи во неа да се вклучат и деца од училишна возраст со многумината возрасни кои се одѕваа во акцијата за разубавување на плоштадот, односно на селото. Покрај завршената работа, акцијата послужи и за дружење на населението од Радово од различни генерации, кои дојдоа доброволно тоа да го направат во честа на големата католичка мисионерка блажаната Мајка Тереза, која сиот свој живот го посвети на сиромашните, гледајќи го Христос во најсиромашните и напуштените далеку од родната Македонија во Калкута – Индија. Мајка Тереза има посебно место во срцата на верниците во Радово, кои покрај тоа што ја посветија капелата во нејзина чест, во својата парохиска црква свети Пророк Илија имаат можеби единствена фреска на блажена Мајка Тереза во источна традиција.
з.и.с.