Ја убедувале мајката на абортус, а денес нејзиниот син е епископ
Постојат илјадници луѓе кои денес не би биле живи доколку нивните родители би ги послушале лекарите и би се одлучиле на абортус поради можни физички или психички оштетувања на детето. Во многу случаи се покажало спротивното и децата се родени здрави.
Еден од тие кои можат да се заблогодарат на животот е епископот Ендрју Козенс од архиепископијата свети Павле во Минеаполис. Следната недела во САД ќе се одржи голем „Марш за животот“, а тој ќе предводи група ученици од бенедектинскиот колеџ.
„Кога мојата мајка била бременоста со мене околу 20-та недела и пукнал водењакот и веднаш отишла во болница. Заедно со мојот татко цела ноќ се молела за да не го изгубат бебето. Следното утро лекарот им рекол дека тестовите покажале дека бебето има многу оштетувања и препорачале прерано породување, односно прекин на бременоста,“ раскажува епископот Козенс во интервју за Католиквоит
„Мојата мајка тоа одлучно го одбила, а лекарот и одговорил дека дете ќе биде монструм. „Не ме интересира тоа што го зборувате“, рекла мојата мајка одлучна да го задржи детето и побарала друг лекар. Тој пак и рекол дека бебето засега е во ред и дека би можело да биде сѐ добро ако бременоста целосно ја прележи,“ рекол епископот додавајќи дека родителите сепак ги загрижувало прашањето како ќе ги платат трошоците за долготрајниот престој во болница.
Но, новиот лекар им кажал да не се грижат и дека со нивниот претходен лекар се обложил дека детето ќе се роди здраво и нормално. Ако биде така првиот лекар ќе ги плати трошоците за престојот во болницата.
„Кога сум се родил, вториот лекар го повикал првиот да дојде да го види „малиот монструм“ затоа што јас сум бил потолно здраво бебе“ се насмеа епископот Козенс.
Вели дека животниот пат уште од детство го водел кон свештенички повик. Неговите родители веруваат дека сето тоа било предодредено уште кога се запознале. Мајката Јоди посетувала католички колеџ, а за Џек се верила за четири недели откако се запознале. Еден ден ја одевел до капелата на кампосот.
„После молитвата, ја запросив во капелата и веднаш се согласи и додека и го ставав прстенот, заѕвони ѕвончето. Погледнав на часовникот беше 6.23 немаше причина да ѕвони во тоа време и тоа ни изгледаше дека е добар знак. Можеби уште тогаш ни се навести дека ќе имаме син свештеник,“ раскажа таткото Џек присетувајќи се и Ендрју како мал секогаш сакал да им помага на дугите зборувајќи дека така вежба за својот иден повик.
Лаудато/Д.И.