Чанаклија: Молитва за мир и благосостојба во Република Македонија

Чанаклија: Молитва за мир и благосостојба во Република Македонија

По повикот за молитва и апел за мир од Н.В.П монс. д-р Киро Стојанов на 25 март 2017 година, во филијалната црква „Свети Великомаченик Георги“ во Чанаклија, се молеше набожноста „Крстен пат“ со накана за благосостојба на нашето општество и за доброто на нашата држава, Република Македонија.

На иницијатива на парохот о. Спасо Ристов, капеланот о. Ванчо Назов, заедно со верниците од Чанаклија, преку молитва за зачувување на мирот и спокојот во државата, во филијалната црква со запалени свеќи и со набожни песни го молеа „Крстниот Пат“. Сѐ до Велигден, секој петок, молитвата „Крстен Пат“ ќе биде во накана за зачувување на мирот во Република Македонија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот