Црковното судство треба да служи за заедништво на верниците
По повод отворањето на новата судска година Светиот Отец денес ги прими во аудиенција службениците и соработниците на Римската Рота. Папата се заблагодари на судиите што во негово име вршат чуствителна служба.
И судската професија е служење на народот Божји и заедништвото меѓу верниците – рече Папата истакнувајќи дека црковниот судија не треба да биде легалистички и апстрактен туку треба да го гледа човекот кој очекува правда. Судската служба е „вистинско служење“ на народот Божји, а целта е остварување на заедништво меѓу верниците – рече Папата и веднаш истакна дека не постои спротивност помеѓу правната и пасторалната димензија на црковната служба. Посебната судска служба во Римската Рота дава „стручен придонес за соочување со актуелната пасторална проблематика“ – рече Светиот Отец.
Говорејќи за карактеристиките на црковниот судија, Папата најпрво ја спомна човечноста која се гледа во мирно судење и во одвојувањето на личните ставови. Способност за проникнување во менталитетот и опрвданите очекувања на заедницата во која се врши службата, е составен дел на човечката зрелост. Така судијата ќе биде толкувач на „духот на заедницата“ што е дел од Божјот народ на кое е наменето неговото делување, а правдата ќе може да се дели во согласност со барањата на вистнската реалност – рече Светиот Отец додавајќи:
Следствено, нема да се задоволува со површно знаење на состојбата на човекот кој очекува негов суд, туку ќе чувствува потреба да влезе во длабочината на фактичката состојба на странката во спорот. Говорејќи пак за судската професија Папата рече дека освен правна и теолошка наобразба судијата треба да се одликува и со правна стручност објективно судење и правност, судејќи непоколебливо и непристрасно. Освен тоа во неговото делување треба да се води од намерата да ја штити вистината, почитувајќи го законот не занемарувајќи ја чувствителноста и човечноста што го карактеризира пастирот на души – објасни Папата.
Третото гледање на судското делување е пасторалното обележје, доколку е израз на пасторална грижа за Папата и епископ, од судијата се бара стручност и вистински дух на служење. Судија на Римската Рота е повикан да го наследува Добриот Пастир „кој се грижи за ранетите овци“ воден од пастирската љубов. Бидете во прв ред пастири. Додека ја извршувате судската работа не заборавајте дека сте пастири. Од целата правна пракса, состојба и рочишта секогаш човекот очекува правда – заврши папата Фрањо.
РВ/Д.И.