Црквата во Европа бара гарантирање на верската слобода

Црквата во Европа бара гарантирање на верската слобода

Советот на епископски конференции на земјите од Европската Унија (COMECE) и Конференцијата на европските Цркви (KEK) на виртуелната средба со постојаниот претставник на Словенија при ЕУ Изток Јарц во четвртокот на 15 јули ја истакнаа неопходноста за подобро координирани здравствени политики на ЕУ.

Црквите во Европа побараа од словенечкото претседавање со Советот на ЕУ посебно внимание да посветат на основното право религиска слобода и праведен пристап до вакцина. Само така ќе биде возможно да се овозмои закрепнување од пандемијата од коронавирусот во чиј центар е човекот и да се стекне отпорност на можни идни кризи, истакнуваат во заедничко соопштение претставниците на COMECE и KEK.

Осврнувајќи се на повотрното отворање на земјите по епидемиолошките мерки, европските Цркви го предупредуваат претседателството на ЕУ на важноста за промовирање и заштита на вистинската слобода на вероисповед, со оглед на тоа што заради мерките за борба против пандемијата во некои земји беше кршено. Исто така по прашањето за производство на вакцини и нивна дистрибуција бараат изработка на нов целосен и глобален ангажман кој би вклучувал трговската политика и праведниот пристап на вакцини до сите. (…)

Со оглед на развојот на стратешката автономија на Европа ја истакнаа потребата за поинтензивна работа на ЕУ на вистинска хумана миграциска политика, а побараа и поголемо вклучување на младите во иницијативата на Конференцијата за иднината на Европа, започната во мај. (…)

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот