На празникот Света Евхаристија, 15 јуни 2023 година верниците од парохијата “Раѓање на свети Иван Крстител“ – Струмица имаа во текот на целиот ден можност да молат пред Евхаристискиот Исус.
Целодневното обожавање започна со света Литургија во утринските часови, а потоа беше изложено Светата Евхаристија. На секои три часа, 9.00, 12.00, 15.00 и 18.00 часот, на верниците им беше овозможен благослов со Светата Евхаристија.
Ватикан њуз/к.мк
Струмица: Обожавање на светата Причест, молитва и пост на леб и вода