Цела Полска ја очекува канонизацијата на Иван Павле II
Цела Полска ја очекува канонизацијата на Иван Павле II. „И тоа би било прекрасно кога би се случило во Година на верата, односно во ноември.“ Тоа се зборови на кардинал Станислав Џивиш, архиепископ од Краков, порано личен секретар на Карол Војтила, кој негира дека разговарал со папата Фрањо за прогласување на светец на папата од Полска, но не ја крие надежта дека тоа би можело да се случи за кратко време, „можеби во септември, кога се навршуваат 35 години од неговиот избор на Петровиот Престол. Јасна е молбата на Кардиналот кој 27 години живееше со Иван ПавлеII. Како и да е во секој случај, среќен е што тоа прогласување ќе го слави Фрањо, затоа што Хорхио Марио Бергољо како и Иван Павле II ќе ги сруши ѕидовите, широко ќе ја отвори вратата на Црквата за сите, и Црквата ќе му ја приближи на светот.
По што папата Фрањо Ве потсетува на Иван Павле II?
„Радосен сум поради изборот во Конклавите од повеќе причини, а една од нив е што Бергољо зборува на јазикот на сиромаштвото, зборува едноставно, а на Црквата и е потребна харизма. По тоа е сличен на Карол Војтила: мило ми е, меѓутоа, ќе истакнам дека Бергољо е именуван за архиепископ во 1992 година, а за кардинал е именуван 2001 од страна на Иван Павле II. Уверен сум дека историјата ќе ги соедини во едно дело: по отворањето на вратата на Црквата за сите, правејќи ја блиска во секојдневниот и конкретниот живот на луѓето; создаде мостови со одделените и спротивставени „светови“. Поаѓајќи од комуникацијата: Фрањо има начин на комуницирање сличен на начинот со кој комуницираше Војтила: го видовме тоа првиот ден: го почитува протоколот, но зборува спонтано, има природен и јасен говор. Тоа ги привлекува сипматиите кај него.
Ви доаѓа ли на памет нешто друго?
„Војтила се бореше против екстремниот комунизам, Бергољо против застранетата „Теологијата на ослободување“: Не заклучија дека решението на општествените проблеми е во марксизмот. А потоа и првите зборови до кардиналите веднаш по изборот: „Нека Бог Ви прости за она што го направивте“, се зборови на Бергољо, додека Војтила рече: „Убаво го средивте ова“. Смислата и иронијата се исти.
Дали вашата изјава дека Војтила не слегол од крстот е споредба со одрекувањето од службата на Бенедикт XVI?
„И понатаму ме растажува таа полемика, ме измачува секој ден, бидејќи не сум го рекол тоа. Не сум ги споредувал, или уште помалку сум ги спротивставувал повлекувањето на папата Бенедикт XVI и однесувањето на Иван Павле II. Јас бескрајно го сакам Јозеф Рацингер, бескрајно.“
Фрањо го избравте брзо: какво значење има таа брзина?
„Значи дека Кардиналскиот колегиум работеше сериозно, дека е зрел, одговорен и единствен. И исто така значи дека Конклавите ги водеше раката Господова.“
Дали отровите кои во ја карактеризираа Црквата последните години влегоа во Сикстинската капела?
„Не. Поделбата на кардиналите на куријални, реформатори, или пак на она од минатото на конзервативни и прогресивни, тоа се без корисни конструкции. Точно е дека се потребни некои промени во куријата – а името Папа, кое е име на „реформатор“ Светиот Фрањо, е добар предзнак. Но постои и претерување од страна на медиумите. Кардиналите се добри и подготвени лица.
Но потврдата дека постоеле тензии во генералните конгрегации кои претходеа на Конклавите?
„Постојат разлики во мислењата: ние сме зрели и интелигентни лица, и секој од нас има свој начин на размислување: разговарајќи и расправајќи допринесе да одиме напред. Тешко на нас ако меѓусебно не сме спротивставени.“
Ова беше добра прилика, после 35 години да биде папа Италијанец, кардинал Анџело Скола. Зошто според вас не се случи тоа?
„Бергољо има италијански корени. Дали е тоа доволно како одговор?
Можам ли да ви кажам дека не е?
„Не мора сите да бидат папи за да и служат на Црквата. Па во секој случај мислам дека не треба да размислуваме за националноста на Врховниот свештеник. Во целиот Кардиналски колегиум има лица кои се извонредни. Сакате ли едно име кое има голема иднина пред себе?“
Кажете ми…
„Кардинал Луис Антонио Тагле, Филипинец. Тој е посебен, многу симпатична личност, кој со својот „детски изглед, ги развеселува сите “.
Да се вратиме на папата: што помисливте кога слушнавте дека ќе се вика Фрањо?
Изборот ја објави програмата на понтификатот: сиромаштво, едноставност и понизност. И веднаш ги стави во пракса.
Дали ќе му кажете нешто посебно на папата Фрањо?
„Ќе го повторам повикот, веќе пренесен на Бенедикт XVI, да организира Светска средба на млади во Краков – и се разбира да дојде кај нас- по повод 1050 година од покрстувањето на Полска, 2016 година.“
Извор: Vatican Insider