Цветници

Со празникот Цветници почнува Страсната седмица. Црквата влегува во славење на маките и смрта на нашиот Господ Исус Христос. Исус со големо воодушевување ќе биде поздравен како Месија и прославен од мнозина: „Осана на Синот Давидов! Благославен кој доаѓа во името Господово!“ Каков величенствен поздрав! Големото мноштво народ му подготви величествен и свечен пречек на Исус.

Исус никогаш до тогаш така не бил дочекан во Ерусалим. Весели извици, радост, пеење, сето тоа потсетува на доѓање на поклоник, исто како и денес. Свечениот дочек значи нешто посебно.

Овој Исусов гест, ги воодушевил луѓето. Тие му извикуваат, поздравувајќи го како „ Син Давидов “, како новиот ветен цар, Спасител, за кој народот долго чезнеел. Без зборови, само преку тој едноставен знак, јавајќи на осле влегува во Ерусалим, со тоа Исус ни дава да разбереме, кој е Тој. И прави сѐ да го разберат тоа луѓето. Тие го поздравувале како оној „кој доаѓа во името Господово“. Го направил тоа што денес го дава името на неделата на Цветници: Силен свет ги распостила своите алишта на патот по кој оди Исус, други кинат гранчиња и мавтаат.

Но, само неколку дена подоцна истото тоа големо мноштво народ ќе подготви „величествен и свечен“ прогон, апсење и маки за истиот тој Исус. По величествениот и свечен поздрав сега следува нов поздрав и ново барање: „Распни го – на крст!“ Наместо да ја преземе власта, Тој ќе биде уапсен. Наместо весело пеење – омраза. Наместо „осана“ се слуша „распни го“. Како може брзо да се преобрази тоа воодушевување! Така е и сè уште: денес фален, утре презрен! Тоа нè опоменува: колку е лекомислено човечкото срце!

Освен народ, за жал и учениците го напуштаат. Никој не се спротистави на таа неправда. Се чини дека неправдата и злото победија.

Сепак настаните во Божјиот план за спасение не се надвор од контрола, Бог знае што прави и што дозволува. Бог сака да каже: Човече, погледни, ти го распнуваш Богочовекот затоа што мислиш дека така ќе се спасиш. Човекот мисли дека на тој начин ќе победи. Таму каде што сè изгледа дека гревот и злото триумфираат, победува силата на љубовта. Синот Божји, ќе биде лишен од својот живот, ќе биде закован на крст и на него ќе умре, но Тој својот живот го дава доброволно за сите луѓе. Тоа не е судбина заради која Тој поднесува смрт, туку е волја на Отецот која Синот ја извршува до крај. Тој сака да ја пие чашата која Отецот му ја дава за да го доврши делото за спасение.

За нас христијаните овие денови се денови за размислување на маките и смрта на Господ пред сè не се денови на жалост, туку на благодарно потсетување на тоа големото дело што Бог од љубов го направи.

За оние кои веруваат, се надеваат и љубат, незамисливо е да го напуштат Бог. Секој темен час го доживуваат како свое разјаснување, секоја мака има утеха.

Тоа ни помага да спознаеме како Бог и денес доаѓа: исто како и некогаш без моќ и сјај, кроток и понизен. Најизразен во Светата Литургија. Највпечатлив во лебот и виното на олтарот. Но Исус во секоја Литургија доаѓа кај нас. Па Тој во секоја Литургија ќе биде поздравен со истите зборови со кои мноштвото го пречека во Ерусалим: „Осана во висините“

 Фра Јозо Жупиќ/Превод:Д.И.

Категорија: духовнитекстови

За авторот

Write a Comment

<