Христијанинот кој „мирува“ не е „вистински христијанин“

Христијанинот кој „мирува“ не е „вистински христијанин“

Христијаните не користат хороскоп или повикуваат духови за да ја дознаат иднината: вистинскиот христијанин не е оној кој е застојан и мирува, туку оној кој се доверува на Бог – рече папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 26 јуни 2017 година.

Христијанинот кој „мирува“ не е „вистински христијанин“. Да се биде христијанин е повик да не се остане статичен; да „премногу да не застоиме“ – рече Папата и повика да се „довериме на Бог“ и Него да го следиме. Наоѓајќи поттик од денешното прво читање, од Книгата Битие, Папата размислуваше за ликот на Авраам во кој се наоѓа „начинот на христијанскиот живот; кој се темели на три димензии: „лишување“, „ветување“ и „благослов.“

Господ го повика Авраам да ја напушти својата земја, својата татковина и домот на својот татко: „Да се биде христијанин со себе ја носи и оваа димензија „лишување“, која во целост се остварува во Исус на крстот. Секогаш постои некое „замини си“, „напушти“, при што првиот чекор е: „Излези од земјата своја, и од родот свој, и од домот на татка си.“ Ако се присетиме ќе видиме дека и во Евангелијата, повикот до учениците исто така е „излези“ и „напушти“ или „дојди.“

Дури и на пророците: Елисеј, на пример, додека ја обработувал земјата: „Остави“ и „дојди“ – „Но, барем дозволи да ги поздравам родителите“ – „Оди и врати се.“ „Остави“ и „дојди.“ Христијаните треба да имаат „способност“ да се „лишуваат“, инаку не се „вистински христијани,“ како ниту оние кои не дозволуваат „да се соблечат и распнат со Исус.“ Авраам „послушал од вера“, појдувајќи кон земјата која требало да ја „прими во наследство“, но не знаејќи го нејзиното точно одредиште – истакна Папата.

Христијанинот нема хороскоп за да ја види иднината; не оди повикувајќи духови кои читаат од дланка… Тој не знае каде оди, туку е воден. Тоа е првата димензија на нашиот христијански живот: „оголување“. Но, заради што „оголување“? Заради аскетизам? Не! Заради патот кон едно ветување. Ова е второто: ние сме луѓе кои чекорат кон ветувањето; кон средбата, кон земјата, која треба да ја примиме во наследство.“ Сепак, Авраам не гради куќа, туку „го распна шаторот свој,“ што значи дека е „на пат и му се доверува на Бог.“ Потоа подигнува жртвеник „и го призиваше името Господово“ а потоа „продолжува со одењето“ и постојано е „на пат“ – објасни Светиот Отец.

„Патувањето започнува секое утро; патот на довербата во Господ, пат отворен за неговите изненадувања, кои често не се добри, туку лоши – да помислиме на болест или смрт – но треба да се биде отворен, бидејќи „знам дека ќе ме доведе на сигурно место, до земјата која за мене ја подготвил“: односно: човек во движење, човек кој живее под шатор, духовен шатор. Нашата душа, кога претерано застојува се закотвува и ја губи таа димензија на одењето кон ветеното; и наместо да чекори кон него, „го носи“ и „поседува“. А тоа навистина не е христијанин“ – рече Папата.

Во „тоа семе на почетокот на нашето христијанско семејство“ стои уште една карактеристика, а тоа е благословот: со други зборови: христијанинот е човек која „благословува“: односно „зборува добро за Бог и за другите, и е благословен од Бог и од другите, „за да продолжи да оди напред. Тоа е образецот на „нашиот христијански живот,“ затоа што сите треба да ги благословуваме другите; за нив зборува добро и за Бог, добро зборува на другите.

Немаме навика „добро да зборуваме“ за ближниот, кога „јазикот помалку се движи „како што сака“, наместо да ја следи заповедта која Бог му ја доверил на нашиот татко Авраам, како „синтеза на животот“: живот на одење, дозволувајќи Господ да го „оголи“, доверувајќи се на неговите ветувања, за да биде беспрекорен. На крајот на краиштата, христијанскиот живот е „толку едноставен“ – рече на крајот од проповедта папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот