Хиротонија на монсињор Андреј Саје

Хиротонија на монсињор Андреј Саје

Монсињор Андреј Саје ќе биде хиротонисан за време на светата Миса во недела, 26 септември во 14.30 часот во парохиската црква Св. Канцијан и неговите придружници во Мирна Пеќ, известија од Канцеларијата за печат на бискупијата Ново место.

Главен посветител ќе биде Апостолскиот управител на бискупијата Ново Место и прв бискуп на таа бискупија Андреј Главан, а сопосветители ќе бидат Апостолскиот нунциј во Република Словенија, монс. Жан Мари Шпих и бискупот од Кршко Јоже Маркец.

Новиот бискуп на Ново Место ќе ја преземе бискупијата во вторник, 28 септември, за време на свечена света Миса во 18.00 часот, кога свечено ќе биде устоличен во катедралата Ново Место од надбискупот на Љуљана и митрополит Станислав Зоре, ОФМ, известуваат од прес -служба на бискупијата Ново Место.

к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот