Ураганот Харви и статуата на Богородица

Ураганот Харви и статуата на Богородица

По враќањето на остатоците од својот дом, семејството Рохас ги пречекало вистинско изненадување…

Ураганот Харви последните денови го опустоши брегот на Тексас и предизвика невидени поплави. Станува збор за најсилната бура што го погоди Тексас во последниот половина век, која зад себе остави пустош, но во градот Робтаун еден детал предизвика големо внимание и испрати силна порака на надеж.

Како и бројните жители на овој град во Тексас и семејството Рохас остана без својата куќа, која по поминување на уграганот Харви, ја проголта пожар. Сепак, по враќањето на остатоците на својот дом ги пречека вистинско изненадување. Единствени предмети кои ја преживеале катастрофата биле двете статуи на Блажена Дева Марија. Едната голема (на сликата), и другата помала пронајдени во остатоците на куќата.

„Некои ќе го обвинуваат Бог, додека други ќе го обвинуваат ураганот, но единствено што преживеа се светите работи. Како што гледате, единствено оваа статуа преживеа. Копав во потрага по работите и ја пронајдов единствено Дева Марија!“ изјави за КРИСТВ, Натали Рохас.

И додека некои жалат за своите загуби, таткото на Натали, Исус е благодарен што е жив и здрав, иако би бил среќен ова катастрофа да не се случеше.

„Во текот на својот живот многу страдав. Бевме бегалци. Цел живот работевме на поле со желба на нашите семејства да им покажеме како да се остане силен, да се верува во Бог и да се чува своето семејно заедништво… Прво што помислувам е дека можевме да загинеме ако останевме овде,“ рече Натали и продолжи:

„Ценете го тоа што го имате, слушајте ги предупредуањата, прегрнете ги своите деца, заблагодарете му на Бог за денешниот и вчерашниот ден и молете се за подобро утре!“

Додаваме дека Американската бискупска конференција, ги повика верниците на молитва и поттикна на помош на жртвите од ова невидена катастрофа.

„Во солидарност со браќата епископи од овој крај, ги повикувам верниците на молитва за сите погодени од овој ураган, и ги замолувам луѓето со добра волја да бидат со жртвите и да им помогнат на нивните семејства. Нека Бог, Господ на милосрдието и сострадалник, ги заштити сите оние кои и понатаму се во опасност, и на сигурно да ги доведе сите исчезнати. Нека посебно се погрижи за оние кои и пред овој ураган биле бездомници и сиромашни,“ напиша претседателот на Американската бискупска конференција и надбискуп на Галвестон-Хјустон кардинал Даниел ДиНардо.

Да се помоли ме и ние на ова накана!

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот