Треба да се бара начин за сведочење на милосрдието и љубовта

Треба да се бара начин за сведочење на милосрдието и љубовта

На 5 јуни 2017 година, папата Фрањо во аудиенција ги прими и учесниците на генералниот капитул на мисионери и мисионерки Конзолати на кои им се обрати со пригоден наговор.

Тој им посака средбите и размислувањата на претстојните заседанија на Конгрегацијата да бидат во знакот на ведрината и отвореност за Духот.

Папата во таа смисла на учесниците на Конгрегацијата им подуни соодветни предлози и совети, од претстојните заседанија да имаат добри плодови – како во нивните заедници – така и во мисионерските активности на самата Црква. Тој ги поттикна на актуализација на внимателното расудување во поглед на состојбата во која се наоѓаат народите меѓу кои делуваат. Ги поттикна да не се изморат да донесуваат утеха на оние чиј живот често е одбележан со големо сиромаштво и остро страдање, наведувајќи ги како примери бројните подрачја во Африка и Латинска Америка. Нека трајно ве поттикнуваат конкретните реалности преку кои стапувате во контакт и барајте соодветен начин и можност за сведочење на љубовта и милосрдието, кои Духот го запалува во вашето срце – рече Папата.

Исто така потсети, дека за продолжување на нивното ниту малку лесно послание, треба да се живее во заедништво со Бог, во растечко спознание и свест дека и самите сме објекти на Господовото милосрдие. Многу поважно е да се сетиме колку Бог нѐ љуби, отколку колку ние го љубиме Него. Пред сѐ ќе ни користи првенството на Божјата бесплатна и милосрдна љубов и чувството за сопствено заземање и напорите, како еден вид одговор на тоа. Во мерката со која сме уверени во Господовата љубов, расте и нашето придружување кон Него – рече светиот Отец.

Во таа смисла, монашкиот живот може да стане серија на постојани откритија на божественото милосрдие, олеснувајќи го со тоа наследувањето на Христовите крепости, како и неговите ставови, кои се богати со благородна човечност, за подоцна да сведочиме на сите кои се во пасторална служба – рече папата Фрањо.

Посебно внимание заслужува дијалогот со исламот, заземањето во промовирањето на достоинството на жената и вредностите на семејството; чувствителноста за темата праведност и мир. „Драги браќа и сестри, продолжете го своето одење со надеж. Вашето мисионерско посветување нека биде секогаш сѐ повеќе извор на живата и посветувачка средба со Господ и со неговата љубов – извор на утеха, мир и спасение, за сите луѓе. Повикувам небесна заштита од Марија, Царица на мисиите, како и блажен Џузепе Алемон и на сите од срце ви го поделувам својот апостолски благослов, проширувајќи го на сите членови на вашата конгрегација – рече на крајот од својот наговор Светиот Отец.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот