Теологијата се проучува на колена, секогаш блиску до Бог

Теологијата се проучува на колена, секогаш блиску до Бог

Господ да ни даде секогаш да мислиме на „бесплатноста“ на спасението, така ќе станеме луѓе кои ја отвораат вратата на самите себе и на другите – е молитвата која Папата ја упати до Бог во текот на светата Литургија на 19 октомври 2017 година, во домот Света Марта.

Господ да ни даде секогаш да мислиме на „бесплатноста“ на спасението, на Божјата близина и на конкретните дела на милосрдието кои ги сака од нас, без разлика дали се материјални или духовни; така ќе станеме луѓе кои ја отвораат вратата на самите себе и на другите – е молитвата која Папата ја упати до Бог во текот на светата Литургија на 19 октомври 2017 година, во домот Света Марта. Осврнувајќи се на делот од Евангелието според Лука од денешната Литургија, на книжниците и фарисеите кои се сметале за праведници, Исус им дава да се уверат дека само Бог е праведен. Папата Фрањо објасни зошто книжниците го „земале клучот на знаењето“, но не влегувале во Царството, ниту пуштале други да влезат.

Одземањето на способноста за разбирањето на Божјите објави, за разбирањето на Божјото срце, на Божјото спасение – тоj клуч на знаењето можеме да кажеме дека е многу сериозно немарење. Се заборава бесплатноста на спасението; се заборава Божјата близина и Неговото милосрдие. И токму тие кои сето тоа го заборавиле, го однеле клучот на знаењето – рече Папата.

Се заборава бесплатноста. Нашето спасение е Божја иницијатива, а тие се ставаат на страната на законот – рече Светиот Отец и додаде: Спасението е таму за нив – законот; на тој начин доаѓаат до купишта одредби кои всушност стануваат спасение. Меѓутоа, така не ја добиваат силата на Божјата праведност. Законот е напротив, одговор на бесплатната љубов на Бог кој ја презеде иницијативата за нашето спасение. А кога се заборава дарот на спасение, тогаш се паѓа и се губи смислата за Божјата близина – додаде Папата.

За нив Бог е оној кој го составил законот. Но, тој не е Бог на објавата. Бог на објавата е Бог кој започна да оди со нас од Авраам сѐ до Исус Христос; Тоа е Бог кој оди со својот народ. А кога ќе се загуби блискиот однос со Господ, се паѓа во ограничен менталитет кој верува дека исполнувањето на законот е доволно за спасение – истакна Папата.

Имено, кога недостасува близината со Бог, кога недостасува молитвата – рече папата Фрањо – не може да се поучува науката, ниту може да се занимаваш со теологија, а уште помалку со морална теологија. Теологијата се проучува на колена, секогаш блиску до Бог. Господовата близина доаѓа до највисоките точки на распнатиот Исус Христос, бидејќи сме оправдани со Христовата крв, како што вели свети Павле. Заради тоа милосрдните дела се камен на искушение во исполнувањето на законот, бидејќи тогаш се допира Христовото тело, Христос кој страда во личноста, телесно и духовно – објасни Папата и предупреди на фактот дека, кога ќе се загуби клучот на спознанието, се доѓа и до корупција.

На крајот Светиот Отец се осврна на одговорноста на пастирите во Црквата денес, кога ќе го загубат или кога ќе го однесат клучот на знаењето, затворајќи ни ја вратата на нас и на другите.

Заради тоа треба да се молете за нас пастирите. Да се молете да не го загубиме клучот на знаењето и да не ја затвораме вратата на себе и на луѓето кои сакаат да влезат – истакна на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот