Телото на свети Пио од Пиетрелчина повторно ќе биде изложено
Рим, 13.5.2013 /к.мк/ – Телото на италијанскиот светец патер Пио од Пиетрелчина (1887-1968) од јуни повторно ќе биде изложено за верниците. Во сабота, 11 мај од манастирот на капуцините „Свети Иван Ротондо“ е објавено дека по тој повод префектот на Конгрегацијата за прогласување на светци, кардинал Анџело Амато на 1 јуни ќе служи света Литургија.
Веќе во 2008 година смртните останки, на светителот и чудотворец, кој се почитува на посебен начин во Јужна Италија беа изложени 18 месеци. Овој пат неговите моштии ќе останат постојано изложени за да можат верниците да молат благодати по заговор од овој светец.
Папата Иван Павле II го прогласи за блажен патер Пио од Пиетрелчина во мај 1999 година, а три години покасно и за светител.
Категорија:
Свет