Ако Господ ти дал богатство, тоа е за во Негово име да правиш многу добри работи за другите – ги поттикна папата Фрањо своите следбеници на Твитер.
Таа негова мисла се надоврзува на она што го рече на 24 мај оваа година за време на литургиското славење во домот Света Марта во Ватикан. Имено, Папата тогаш предупреди дека тоа богатството е способно да направи од нас робови. Во таа прилика поттикна богатите повеќе да се молат и да прават покора.
Пред богатството не сте слободни – предупреди Светиот Отец и продолжи – за да бидете слободни од него, треба да се отргнете од него и да го молите Господ. Ако Господ ви дал богатство, тоа е за да го давате на другите – истакна папата Фрањо и заврши: Богатството има способност на заведување пред кого можеме да паднеме и да станеме негови робови.
Ватикан њуз/к.мк