Студентка им порачува на младите: „Заземете се за својата вера”

Сонома, 13.7.2013 /к.мк/ – Студентката Одри Јаврис, инаку католик, доби извинување од својот факултет откако и е речено да го сокрие своето ланче со крст. На сите студенти им порача дека треба да го бранат своето право на покажување на верата.

“Сакам да ги охрабрам за својата вера и своите уверувања. Ако почувствуваат дека не е исправно и дека се нарушуваат нивните права, треба за тоа да проговорат”, рече 19-годишната Јарвис.

Јарвис давала консултации за бруцошите на студиите за уметност на калифорнискиот државен универзитет Сонома, кога нејзиниот претпоставен и наредил да го тргне ланчето со крст бидејќи би можело да ги повреди другите и да направи да се не чувствуваат добредојдени. Исто така и рекол дека факултетот забранува истакнување на верски симболи.

„Тоа ме запрепасти, бидејќи навистина не очекував нешто такво. Бев многу вознемирена и порано си појдов дома”, рече Јарвис на која не и е јасно зошто нејзиното ланче би навредило некого.

Од универзитетот одговориле дека нивниот вработен бил виновен кога побарал од Одри да го тргне и сокрие крстот и дека тоа не е правило во нивниот универзитет кој не забранува истакнување на верските симболи. Дури и деканот на факултетот Рубен Армињана и понудил искрено извинување.

Во тек е истрага за инцидентот, а од универзитетот порачуваат силно да се борат против било каква дискирминација.

Јарвис е задоволна од одговорот на универзитетот и вели дека и е драго што ова сериозно го сфатиле. Универзитетот Сонома има повеќе од 8000 студенти.
Извор: ЕВТН/ Б.У

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<